Милвоки Бакс синоќа го сменија тренерот Адријан Грифин, и покрај тоа што немаа лоши резултати и победија на 30 од 43 натпревари во досегашниот тек на НБА лигата.
Сепак, на раководството на Бакс тоа не им беше доволно. Сметаат дека екипата може повеќе, па затоа се решија да го сменат Грифин.
Но, изгледа дека управата имала план за отказ на Грифин. Неколку часа подоцна се појави информација дека местото на Грифин ќе го заземе исксниот Док Риверс, некогашен тренер на Бостон и доскорашен на Филаделфија. Риверс со Бостон дојде до титулата во НБА.
Риверс во минатото ги водеше уште и Орландо и ЛА Клиперс, со што Милвоки ќе му биде петти клуб во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

