Веднаш по завршувањето на сезоната во кинескиот шампионат почна и „тренерската вртелешка“ во оваа земја, што ја стартуваше Луис Фелипе Сколари. Бразилскиот стратег ја освои титулата со Гвангжу Евергранде, по што обелодени дека си заминува од овој клуб.
За испразнетото место во игра беа неколку познати стратези, но според последните информации оваа функција ќе му припадне на Фабио Канаваро. Поранешниот ас на Парма, Интер, Јувентус и на Реал Мадрид досега беше стратег на Тианџин, но реши да го напушти овој клуб откако доби понуда од актуелниот шампион, каде промоцијата ја очекува во текот на оваа седмица.
Тој веќе си замина од Тианџин, каде на негово место ангажиран беше Пауло Соуса, португалскиот стратег кому му здодеа да го чека Милан и разврската со Винченцо Монтела, па ја прифати понудата од далечната Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА