Тренерски „рокади“ во Португалија: Мурињо селектор, Аморим на клупата на Бенфика!?

Во Португалија се подготвуваат тренерски „бомби“. После Мундијалот во САД, Мексико и Канада голема е веројатноста Португалија да има нов селектор, и тоа во името на Жозе Мурињо. Според некои медиуми, преговорите се веќе почнати, а „Специјалниот“ нема ништо против да ја води репрезентацијата во иднина.

Ако тоа се случи, тогаш испразнетата клупа на Бенфика ќе ја пополни Рубен Аморим, доскорашниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа оваа шпекулација наиде на жестока реакција кај навивачите на Спортинг, на чија клупа седеше Аморим пред да замине во Англија.

Сегашниот селектор на Португалија, Роберто Мартинез има договор до јули месец, а се погласни се шпекулациите дека истиот нема да му биде продолжен, односно дека неговиот договор ќе зависи од резултатите на престојниот Мундијал. Затоа се повеќе се шпекулира дека Мурињо ќе ја презеде Португалија, и ќе заплива во селекторски води.

Се вчитува...