Работнички доби убедливо најлесен противник од сите македонски клубови на денешниот ждреб во Нион.„Романтичарите“ ќе играат против Тре Пене, претставник од Сан Марино, во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Првиот меч Работнички ќе го игра на домашен терен, а потоа ќе гостува во Сан Марино.
Тренерот Виктор Треневски е задоволен од ждребот, но вели дека тимот не смее да се опушти, само затоа што ривалот доаѓа од Сан Марино.
„Тре Пене беше еден од посакуваните противници. Можеби сакавме да ја избегнеме единствено Зета. Го добивме Тре Пене за ривал, претставник од Сан Марино, но тоа не значи и дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно и секако дека сме фаворити, како што впрочем Работнички беше и носител според рејтингот пред денешниот ждреб во Нион. Но, ќе им напоменам добро и на фудбалерите. Ние најмногу се мачевме во првенството на тие, условно, ’полесни’ натпревари за играње“, изјави Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА