Работнички отпатува за Сан Марино, каде в четврток, со почеток во 20.30 часот, ќе го игра првиот натпревар против Тре Пене, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. „Романтичарите“ не кријат дека имаат победнички амбиции против претставникот на Сан Марино.
„Со позитивни мисли патуваме за Сан Марино, тоа е сигурно. Не сакаме никого да потцениме, и тоа сигурно нема да се случи, но не криеме дека сме фаворити, и ќе се обидеме тоа да го докажеме уште на првиот натпревар против Тре Пене. Успеавме да добиеме одредени информации за ривалот, но ќе се посветиме пред се на нашата игра, ќе се трудиме да наметнеме наше темпо и да оствариме позитивен резултат пред реваншот што ќе се игра во Скопје. Подготвени сме за првиот европски предизвик, и секако сакаме да ги има што повеќе оваа сезона“, изјави шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски, за официјалниот сајт на клубот.
За првиот натпревар против Тре Пене, нема да бидат во комбинација дефанзивците Ванче Шиков и Леон Најдовски, а во експедицијата не е и Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА