Шампионското прашање е веќе разрешено, Вардар в недела очекува да прослави нова титула, но битката за излез во Европа, како и онаа за опстанок, ќе трае се до крајот на шампионатот на Македонија. Работнички (49) во моментот има предност од четири бода пред Пелистер (45) и пред Ренова (45), но викендов го очекува ново големо искушение. Тимот на Виктор Треневски гостува во Кратово, а Силекс исто така има се уште амбиции за излез на меѓународна сцена, со оглед на освоените 42 бода.
„Првенството е во завршница, интересно е и во трката за излез во Европа, и за опстанок. Секој нов меч е нов предизвик, а ние сме фокусирани на неделното гостување во Кратово. Силекс е квалитетен тим, посебно добро игра на домашен терен, а има одличен стратег на кормилото. Но, Работнички е подготвен и верувам дека ќе одиграме добар меч, дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел. Имаме одредени проблеми со тимот, има повредени фудбалери, но верувам дека фудбалерите кои ќе добијат шанса ќе ја искористат на најдобар начин“, истакнува шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА