Македонскиот фудбалски стратег Виктор Треневски е на прагот да се врати во редовите на црногорскиот прволигаш Дечиќ. Медиумите од оваа земја најавуваат дека тој е прв кандидат за нов шеф на стручниот штаб на Дечиќ, кој во пролетниот дел од првенството ќе се бори за опстанок во елитното фудбалско друштво на Црна Гора.
Треневски имаше одлична тренерска епизода во Дечиќ, а потоа мораше да го напушти тимот поради несогласувања околу валидноста на тренерската лиценца. По ова беше на кормилото на Работнички, а сега повторно би можел да се врати во Црна Гора.
Дечиќ по првиот дел од сезоната се наоѓа на последната позиција на табелата со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА