Виктор Треневски, по само шест месеци надвор од македонскиот фудбал, повторно би можел да се врати на домашната фудбалска сцена. По завршувањето на „кратката одисеја“ на клупата на црногорскиот Дечиќ, Треневски сега се наметнува како прв кандидат за преземање на селекторската функција на младата репрезентација на Македонија.
Како што е познато, Благоја Милевски од следната сезона го презема израелскиот прволигаш Ашдод, а за испразнетото столче на клупата на У21 селекцијата веќе се потенцира Виктор Треневски. Но, 45-годишниот поранешен македонски репрезентативец, според последните информации, се поинтензивно се нагласува и како име кое од јуни би можело да го замени Бобан Бабунски на клупата на Вардар.
Бабунски пред само еден месец дојде на чело на Вардар на местото на Чедомир Јаневски. Но, ниту од далеку, не успеа да ги исполни очекувањата, што го исфрла на површина мислењето дека е неопходна промена на позицијата шеф на стручен штаб во црвено-црните редови.
Интересно, пред само неколку денови црногорските медиуми во големо мера апсолутно сигурно го најавија Виктор Треневски и како нов тренер на Будуќност, клуб кој треба да го води во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, за него е привлечна сега и македонската фудбалска сцена која ја напушти пред само седум месеци кога се одлучи да поднесе оставка од клупата на прволигашот Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА