Тренинг меч за МЗТ против Феникс, кумановци подобри од Кожув, ТФТ со предност над Чаир

Кожаркарите на Куманово и на МЗТ ја искористија предност на домашен терен, и славеа во првите мечеви од плеј-офот против Кожув, односно против Феникс. МЗТ го совлада Феникс со 81-58, додека Куманово славеше со 85-73 над гевгеличани.

Бранителот на титулата тимот на МЗТ, имаше мака само во првата четвртина да се справи со Феникс, откако гостите изненадувачки водеа, а тоа како да ги налути металците, кои потоа го добија вториот период со 20-7, предност од која немаше враќање. До крајот на мечот беше само рутина за актуелниот првак.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасен, после него следуваа Копривица и Андоноски со 15, односно 13 поени. Адетукаси кај Феникс беше најефикасен со 12 поени.

Кошаркарите на Куманово, пак, благодарение на одличниот прв дел, славеа над својот противник од Гевгелија. Првата четвртина домашните ја одиграа импресивно, водеа со 32-18, додека втората ја добија со 21-1, и на полувреме заминаа со 53-34, 19 поени кои беа доволни за триумф. Во вториот дел Куманово само ја зголемуваше разликата, во еден миг стигна и до +24, по што веќе се наѕираше кој ќе го добие овој прв меч.

Стевановиќ од Кожув со 27 поени не можеше се сам на овој меч, додека кај Куманово, Тадиќ беше најефикасен со 24 поени.

Во третиот меч, ТФТ го освлада Чаир со 85-68. Тимот од Тафталиџе уште од самиот старт се стекна со одлична предност од 23-9, па во вториот дел само ја зголеми и на крајот да слави убедлив триумф и да поведе со 1-0 во серијата.

Герет-Браун со 21 поен беше најефикасен кај победничкито тим, додека Ролинс кај Чаир постигна 18.

Се вчитува...