Ливерпул се наоѓа на чекор до шампионската титула во Премиер-лигата откако „црвените“ славеа со 0-1 на денешното гостување против Лестер, со што сега им недостигаат само уште три бода во преостанатите пет натпревари за да го осигураат толку посакуваниот трофеј. Херој на овој меч беше ТРент Александер Арнолд, фантастичниот десен бек кој е на чекор до Реал Мадрид, но денеска даде огромен придонес за големата победа.
„Црвените“ имаа повеќе од играта, во втората минута преку Салах го погодија дирекот, но се мачеа да го скршат отпорот на домаќинот кој и деветти меч во низа на домашен терен не успеа д апостигне гол. Конечно, отпорот беше скршен кога по една мешаница топката стигна до Трент, кој со својата послаба лева нога некако го најде патот до мрежата.
„Црвените“ сега имаат 13 бода предност на пет кола до крајот, па избраниците на Арне Слот ќе имаат можност следниот викенд на домашен терен против Тотенхем да ја прослават шампионската титула.
Лестер пак со денешниот пораз и официјално ги загуби сите шанси за опстанок, станувајќи втора екипа по Саутемптон што и математички се сели во Чемпионшип од следната сезона
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА