Трент Александер Арнолд повторно беше стартер на Реал Мадрид во триумфот над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал, а десниот бек веднаш по мечот проговори за болката што ја чувствува по страшната трагедија и смртта на неговиот доскорешен соиграч Диого Жота.
„Дознав преку социјалните мрежи, искрено не верував… убеден бев дека е грешка… Се додека не дознав дека се е вистина. Се уште сум во шок“, низ солзи коментираше англискиот репрезентативец.
Воедно, тој обелодени дека португалскиот напаѓач му бил еден од најдобрите пријатели во тимот на Ливерпул.
„Тој не ми беше соиграч, ми беше и повеќе од пријател. За мене Жота беше како семејство, затоа и болката е толку голема. Уништен сум, најискрено“, додаде Александер Арнолд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

