Десниот бек Трент Александар-Арнолд ова лето се приклучи на Реал Мадрид како слободен трансфер од Ливерпул . Десниот бек отворено зборува за своите нови предизвици во шпанската престолнина, какви се „Црвените“ за него и што очекува од иднината.
Тој рече дека заминувањето од Ливерпул била негова најтешка одлука во животот, но дека не можел да одолее на предизвикот да игра за кралскиот клуб.
„Напуштањето на Ливерпул беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Тоа е мојот дом и овој клуб ме направи тоа што сум. Но, чувствував дека Мадрид е следниот чекор и сега е вистинското време. Реал Мадрид е огромен предизвик. Чувството на тежината на дресот, тоа е она што ве поттикнува да дадете сè од себе. Темпото и стилот тука се различни, тоа е она што ме возбудува. Едвај чекам да ја пробам оваа средина, мотивиран сум да се докажам во Ла Лига и да оставам свој белег во Мадрид. Чувствувам дека е лична трансформација, како и професионална. Преселбата во нова земја, учењето нова култура ве турка напред како личност. Тоа е повеќе од само фудбал. Работам на мојот шпански јазик откако стана јасно дека доаѓам тука. Сакав да покажам почит кон навивачите и културата. Сè уште имам многу да учам, но уживам во процесот“, рече Трент Александар-Арнолд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

