Во исчекување на „трансферот“ на зимата – преселбата на Алексис Санчез од редовите на Арсенал во Манчестер јунајтед, познатиот бренд за спортска опрема „Адидас“ веќе започна со продажбата на дресови од Јунајтед со името на Чилеанецот. Фановите на клубот од Манчестер како во делириум го „нападнаа“ фан-шопот за да го купат дресот на новото засилување, иако се уште нема официјална потврда за трансферот.
Воедно, „Адидас“ го обелодени бројот кој ќе го носи фудбалерот во својот нов клуб. Санчез ќе ја носи легендарната „7-ка“ на „црвените ѓаволи“, претходно прославена од великаните како Кантона, Бекам, Кристијано Роналдо.
Според англиските медиуми, Санчез веќе ги договрил условите за соработка со најтрофејниот англиски клуб. Чилеанецот ќе заработува вртоглави 505.000 фунти неделно, и ќе стане најплатениот играч во историјата на Премиер – лигата. Она што се чека е Мхитаријан да постигне договор со Арсенал за да се реализира оваа голема размена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА