Трет гол во мрежата на Хрватска, Аргентина веќе во финале (ВИДЕО)

Аргентина очигледно ќе биде првиот финалист, откако на 20. минути пред крајот води и со 3-0 над Хрватска. Целосно се распаднаа „коцкастите“ и во ова второ полувреме, па во 69. минута Алварез, по брилијантна асистенција на Меси, носи и 3-0.

Водство од 2-0 на полувремето имаа Аргентинците, а го чекаа моментот да дадат и трет, а тоа го дочекаа во 69. минута.

Меси се проби по десната страна, додаде до Алварез кому му остана полесниот дел од задачата за 3-0. 

Се вчитува...