Трет меѓународен инклузивен натпревар во пливање и адаптивно пливање „Атлас 2024“

Здружението на граѓани Спортско друштво ИТК Македонија – Скопје организира трет меѓународен инклузивен натпревар во пливање и адаптивно пливање за млади пливачи и лица со атипичен развој „Атлас Зимски куп 2024“.

Натпреварот ќе се одржи престојниов викенд (14. и 15. декември) во базенот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како што најавува организаторот, овој натпревар е незаборавен празник на постигнувањето, радоста и инклузивноста, затоа што со приближување на крајот на годината, доаѓа и времето за подарување и споделување радост меѓу сите луѓе и ширење енергија за сплотеност и блискост.

ИТК Македонија е невладина организација, етаблирана во 2022 година, која соработува и ја претставува ITK Leipzig од Германија. Обезбедува напредна професионална обука во областа на спортот и спортската наука.

Се вчитува...