Трет пораз и за ракометарите на ЕМОФ

И машката ракометна репрезентација го забележа и третиот пораз во групната фаза на Европскиот младински олимписки фестивал 2025 година.

Овојпат подобри од нашите надежи беа Исланѓаните кои на крајот стигнаа до убедлив триумф од 36-27. Македонија успеа да се држи со противникот повторно како и на претходните два натпревари во првото полувреме.

Недоволни беа кај нас и 19 интервенции кои ги имаше неверојатниот Николовски.

Машката репрезентација на Македонија ќе игра за пласман од 5. до 8. место.

Се вчитува...