Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва го забележаа и третиот пораз во низа во плеј-офот од руската ВТБ лига откако денеска загубија на гостувањето кај Зенит Санкт Петерсбург со 81-71.
Клучна во натпреварот беше третата четвртина која домаќините ја добија со десет поени разлика кои на крајот се покажаа како доволни за нов триумф на тимот од Санкт Петерсбург.
Tрент Фрејзер со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мело Тримбл заврши со 14 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА