Трет пораз во низа за Тотенхем во Премиерлигата (ВИДЕО)

По одличниот старт на сезоната фудбалерите на Тотенхем го забележаа и третиот пораз во низа откако денеска на домашен терен загубија од Астон Вила со 1-2 како дел од меч од 13. коло во Премиерлигата.

Домаќините стигнаа до рано водство од 1-0 со погодокот на Ло Селсо во 22. минута. Гостите до крајот на првиот дел израмнија на 1-1 преку Пау Торес во седмата минута од судиското надополнување. Конечните 1-2 беа дело на Oли Воткинс во 61. минута.

 

Tottenham 1 – [2] Aston Villa – Ollie Watkins 61′
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...