Машката кадетска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз на турнирот во Васлуи, Романија. Во завршниот настап на турнирот, македонските кадети загубија од Украина со 25-32. Претходно запишаа уште два порази, од Романија (26-27) и од Израел (27-29).
Сепак, како сатисфакција за македонската репрезентација на овој настап дојде признанието за Марко Кизиќ кој е прогласен за најдобар голман на турнирот. Македонскиот голман со своите извонредни перформанси беше еден од најзабележителните во нашиот состав и го привлече вниманието на турнирот.
Настапот на турнирот во Романија е во рамките на подготовките на македонската кадетска репрезентација за ЕХФ шампионатот што оваа генерација ќе го игра наредното лето во Грузија, односно за Светското првенство што ќе се игра во Скопје во 2019 година. Кадетите во утре пристигнуваат во Скопје, а од вторник продолжуваат со подготовки заедно со младинската репрезентација. Наредниот викенд кадетите ќе одиграат уште две пријателски средби со Бугарија во Габрово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА