Кошаркарскиот прволигаш Кожув го потврди третото странско засилување во пресрет новата сезона. Станува збор за Американецот Ијан Кришнан чиј настап во Прва лига ќе биде прво интернационално искуство.
Кришнан ги покрива бековските позиции и во Гевгелија доаѓа од универзитетот Хумболд каде во НЦАА2 првенството бележел просек од 11.1 поен и 2.3 скокови на 28 одиграни натпревари претходната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА