Карлос Сајнц по трет пат славеше на најтешкото рели во светот, Дакар. Шпанскиот автомобилист на последната етапа извозе рутински со што ја задржа предноста во генералниот пласман пред Катарецот Насер Ал Атијах и популарниот „Мистер Дакар“, Французинот, Стефан Петерхансел.
Во конкуренција на мотоциклисти победата замина кај Американецот Рики Брабек, од тимот на Монстер Енерџи Хонда. Второто место му припадна на Чилеанецот Пабло Квинталја, додека третопласиран заврши Тоби Прајс од Австралија.
Кај квадовите најдобар е Касале од Чиле, пред Витсе од Франција и Соник од Полска. Во конкуренција на SxS победа му припадна на Американецот Кјури, додека подиумот го надополнија Карјакин од Русија и Лопез Контадор од Чиле. Кај камионите имаме руска еден два победа. Со титулата најдобар се закити Каргинов, пред сонародникот Шибалов, додека третопласиран беше Вјазович од Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА