Трета лига: Маџари со победнички камбек

Кошаркарскиот викенд го одбележаа и третотлигашите кои го започнаа својот поход кон Втората лига. Деби на сцената имаше и некогашиот славен Маџари кој со победа се врати на терените по речиси четврт век отсуство.

Скопскиот клуб славеше на гостувањето во Струмица кај истоимениот тим со 65-76, а на победи се радуваа и останатите гости. Спорт Тим Неготино забележа победа од 71-73 во Кавадарци против Пробаскет, додека Баскет Дино го доби гостувањето кај Ролинг 08 со 58-88.

Првото коло од Третата лига ќе биде комплетирано во среда со натпреварите помеѓу Младинец и Овче Поле, односно МКК Вардар и Феникс баскет.

Се вчитува...