Трета победа за Алкалоид на подготовките за новата сезона

Oсвојувачот на ЕХФ купот, РК Алкалоид ја запиша и третата победа во подготовките. По победите над Прилеп и Дубочица, Алкалоид денеска ја совлада и хрватската екипа МРК Сесвете.

Конечниот резултат од овој натпревар е 34-32 (16-15) за македонскиот тим, а како и на претходните натпревари тренерот Кирил Лазаров шанса им даде на сите расположливи ракометари.

Следните противници на РК Алкалоид во подготвителниот период ќе бидат екипи од Словенија.

Се вчитува...