Компанијата Hisense потпиша договор да биде глобален партнер на UEFA EURO 2024™ и тоа ќе биде трето последователно првенство што Hisense ќе го спонзорира по партнерството во претходните две и успешно спонзорирање на FIFA World Cup 2022™. Hisense, исто така, ќе добие спонзорски права за UEFA европските квалификации во сезоните 2023-24 и 2025-2026, финалиња на UEFA лигата на нации на во 2025, UEFA U21 EURO 2025, Finalissima 2024 и UEFA Futsal 2026 како дел од договорот.
Гај–Лоран Епштајн, маркетинг директор на UEFA, смета дека продолжувањето на партнерството на UEFA со Hisense е исклучително важна и стратешка одлука за двете страни.
„Воодушевен сум што Hisense ја обновува својата посветеност на европскиот фудбал како официјален партнер на UEFA EURO 2024™, што ќе биде трето последователно заедничко EURO. Нивната технологија продолжува да помага да се направи фудбалот попристапен и попријатен за навивачите ширум светот“, рече Епштајн.
Спортскиот маркетинг е клучен елемент на глобалниот раст на Hisense и помага да се изгради препознатливост на брендот низ целиот свет. Во текот на изминатите пет години, свесноста за брендот речиси се удвои на глобално ниво, а спонзорствата и поврзаноста со турнирите значително придонесоа – до 25 процентни поени.
Фишер Ју, претседател на Hisense Group Holdings Co. Ltd., рече дека компанијата секогаш обезбедува бескомпромисен квалитет на сликата, особено во областа на спортски преноси и содржини.
„Hisense може да се поврзе со потрошувачите ширум светот преку спортски спонзорства како одличен начин за градење доверба во нашиот бренд. За да продолжи да го гради брендот на глобално ниво, Hisense ќе им овозможи на фановите ширум светот неспоредливо искуство на гледање на UEFA EURO 2024™ со најсовремена технологија за квалитет на слика“, заклучи Ју.
Од ласерски телевизори за заштеда на енергија до глобални еколошки иницијативи, Hisense е посветен на инвестирање во иновации и обезбедување производи кои се поодржливи и поеколошки.
Со текот на годините, Hisense континуирано се трудеше да воспостави вистински врски со потрошувачите ширум светот, без оглед на тоа каде живеат или на кој јазик зборуваат, за подобро разбирање и задоволување на индивидуалните потреби на повеќе корисници, подобрувајќи го квалитетот и искуството од секојдневниот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА