Англискиот напаѓач Џејдон Санчо останува без договор со Манчестер Јунајтед ова лето, освен ако клубот од „Олд Трафорд“ не ја искористи опцијата да го продолжи за уште една сезона, што е малку веројатно.
Манчестер Јунајтед беше погрешен избор, а позајмицата во Астон Вила не му донесе премногу. Само гол и асистенција во 29 одиграни натпревари оваа сезона. Имаше „авантура“ и во Челси која заврши неславно.
Единствениот клуб каде што навистина изгледаше како првокласен крилен напаѓач е Борусија Дортмунд, за кого играше двапати: прво помеѓу 2017 и 2021 година, а потоа накратко во 2024 година кога беше позајмен од Јунајтед.
Сега повторно би можел да го носи жолтиот дрес на Рур и да танцува во Бундеслигата. Како што објавува Атлетик, Борусија е повеќе од заинтересирана да го потпише, логично, трајно. Санчо е подготвен да прифати намалување на платата само за повторно да игра на „Сигнал Идуна Парк“.
Борусија се подготвува за реновирање на тимот. Јулијан Брант, Никлас Зиле и Салих Озџан си заминуваат на крајот од сезоната како слободни агенти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

