Големото дерби во Третата фудбалска лига на Македонија – група Исток што се одигра во Пирава пред повеќе од 1.000 гледачи, меѓу Ударник и Победа од Валандово, заврши без победник 0:0. Фудбалерите од Валандово немаат пораз во лигата и се најсериозни кандидати за првото место. Пролетната сезона во лигата продолжува без Рудар од Пробиштип и Светлост од Зрновце, додека Вардарски се откажа пред самиот старт.
Трета лига – исток 13 коло
Дојранско Езеро – Малеш 2:2
Ударник – Победа 0:0
Карбинци – Овче Поле 2:3
Слободни беа Хоризонт, Тиверија и Брегалница /Делчево/. На табелата води Победа со 29, пред Овче Поле со 28 бода .
Трета лига – југ 16 коло
Млекар – Питу Гули 0:1
Борец – Тополка 2:0
Венец – Влазними 7:0
Башкими – Бучим 4:0
Ултрас – Росоман 4:0
Слободни беа Превалец и Младост. На табелата води Борец со 40 пред Превалец со 34 бода.
Трета лига – запад 13 коло
Доброште – Кајмани 0:3
Влазрими – Ренова 6:0
Скендербеј – Вардар 1:1
Дрита – Џепчиште 1:4
Напредок – Речица 3:0 /службено/
На табелата води Кајмани со 33, пред Вардар со 26 бода.
Трета лига – север 15 коло:
Фортуна-Еуромилк 1:4
Башкими-Аеродром 0:0
Лопате-Беса/Сарај/ 1:3
Студеничани – Беса/Слупчане/ 1:0
Отља – Ржаничино 1:1
Кадино – БВК Коњаре 1:3
Куманово – Пчиња 4:2
На табелата води Еуромилк со 43 пред БВК Коњаре со 38 бода
Пролетното првенство во Третата лига – југозапад ќе стартува на 22 март.
М. М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

