ТРЕТИ ЛИГИ – Хоризонт Турново стартуваше со победа

Клубовите кои настапувааат во Третата фудбалска лига – Исток први ја отворија новата сезона од петте третолигашки конкуренции во Македонија.

Оваа сезона во Третата лига на Истокот се 11 екипи бидејќи Вардарски од Богданци, кој испадна од Втората лига, го откажа учеството непосредно пред стартот. Во првото коло постигнати се овие резултати: Брегалница /Делчево/ – Ударник 2-1, Рудар /Пробиштип/ – Малеш 2-1, Светлост /Зрновце/ – Карбинци 0-1, Овче Поле – Тиверија 3-0, Дојранско Езеро – Хоризонт Турново 2-3. Победа од Валандово беше слободна.

Во второто коло на 14 септември ќе играат: Малеш – Дојранско Езеро,Тиверија -Рудар, Карбинци – Овче Поле, Брегалница – Светлост, Победа – Ударник. Хоризонт е слободен.

Третата лига – Југ ќе стартува на 14 септември, со 14 клубови, а во првото коло се среќаваат: Превалец  -Млекар /М. Коњаре/, Питу Гули – Дреново, Слога /Лажани/ – Башкими, Младост /Кривогаштани/ – Ултрас, Бучим – Венец, Росоман – Борец /Велес/, Влазними – Тополка.

Третата лига – Југозапад ќе стартува со 10 клуба бидејќи минатогодишните членови Евротип од Битола и Сатеска од Волино се откажаа.

На 13 и 14 септември ќе стартува и Третата лига – Север. Двојките од првото коло се: Студеничани – Еуромилк, Кадино – Ржаничино, Куманово – Беса /Скопје/, Пчиња – Беса /Слупчане/, Фортуна – БВК Коњаре, Отља-Аеродром, Башкими – Љуботен /Лопате/.

На 14 септември закажан е и стартот на Третата лига – Запад. Во првото коло ќе играат: Дрита – Камјани, Речица – Зајас ,Напредок /К/ – Вардар, Скендербег -Ренова, Влазрими /К/ – Џепчиште, Доброште – Љуботен.

М.М.

Се вчитува...