ТРЕТИ ЛИГИ: Инцидент по мечот Сатеска – Преспа, гледач нападна играч на гостите

Натпреварите во третолигашките конкуренции изминатиов викенд беа одбележан и од инцидентот кој се случи по натпреварот меѓу Сатеска и Преспа во Третата лига – Југозапад, кој заврши без победник, 1-1.

На дуелот во Волино еден неодговорен гледач на домашната екипа физички го нападна стрелецот на голот за Преспа, Неџми Реџепи удирајќи го во глава по што истиот веднаш мораше да биде префрлен во охридската болница. Тимот на Сатеска е предаден на дисциплинската комисија.

Во Третата лига – Исток продолжува победоносната серија на Слога од Виница која со 0-2 славеше на гостувањето против Светлост.

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД (15. коло)

Кравари – Кораби 6-1

Славеј – Влазними 3-0

Велешта – Света Тројца 1-0

Караорман – Демир Хисар 2-1

Сатеска – Преспа 1-1

Заостанати натпревари од 14 коло:

Кораби – Преспа 0-2

Демир Хисар – Сатеска 2-2

  • На табелата води Преспа со 35 бода пред Сатеска 29 и Кораби 28 бода

 

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ (20. Коло)

Росоман – Слога 4-2

Младост – Големо Коњаре 0-0

Бучим – Питу Гули 1-1

Ултрас – Дреново 3-1

Башкими – Влазними 2-0

Превалец и Венец беа слободни.

  • На табелата води Големо Коњаре со 42 бода пред Превалец со 38 бода.

 

ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК (14. Коло)

Хоризонт Турново – Овче Поле 1-0

Карбинци – Малеш 2-2

Дојранско Езеро – Тиверија 1-1

Ударник – Брегалница 1-1

Светлост – Слога 0-2

  • На табелата води Слога со 39 бода, Брегалница 24 и Овче Поле 23  бода.

 

ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД (18. коло)

Џепчиште – Тетекс 0-3

Доброште – Влазрими (Слатино)  1-2

Дрита – Зајас 4-1

Љуботен – Камењане 2-4

Напредок – Речица 3-0

Вардар Брвеница – Влазрими Кичево 2-0

  • На табелата води Тетекс со 44, бода пред Влазрими/К/ со 37 бода.

 

ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР (19. коло)

Пчиња – Башкими 3-0

Аеродром – Фортуна 3-1

Њу Старс – Беса 2-1

БВК Коњаре – Ринија 3-5

Куманово – Кадино 2-3

Шкендија – Еуромилк 7-0

Академија Илинден – Ржаничино 1-1

  • На табелата води Шкендија  со 55 бода пред Фортуна со 36 и Аеродром со 34 бода. 

М. М.

Се вчитува...