ТРЕТИ ЛИГИ: Рудар Пробиштип и Светлост Зрновце се повлекоа од Третата лига – исток

Продолжува „егзодусот“ на клубовите во Третите фудбалски лиги на Македонија.Последните два клуба се од групата исток каде пред стартот на пролетната сезона од лигата се повлекоа Рудар од Пробиштип, поранешниоот член на Првата лига на Македонија, во чии редови играше и еден од нашите најдобри фудбалери Сандре Маневки и Светлост од Зрновце. Пред почетокот на првенството, се повлече и Вардарски од Богданци и во пролетната сезона Третата лига –исток ќе има само 9 екипи.Еве ги резултатите од првото пролетно коло во кое се одиграни само три натпревари.

Трета лига-исток  12 коло:

Брегалница Делчево-Ударник 1:0

Тиверија-Овче Поле 0:3

Хоризонт-Дојранско Езеро 3:0

Слободни беа Победа, Малеш и Карбинци. На табелата води Победа со 28, пред Ударник и Овче Поле со 25 бода.

И во Третата лига –Југ пролетва ќе нема две екипи.  Есенва се откажа Слога од Лажани, сега во лигата ќе го немa и Дреново.

Трета лига-Југ

Влазними јуниор-Борец  1:3

Питу Гули-Превалец 2:1

Тополка-Млекар 6:0

Младост/Кривогаштани/ -Башкими О:2

Ултрас-Бучим 2:0

Росоман-Венец 0:1

На табелата води Борец со 37 пред Превалец со 34 бода

И во Третата лиг-запад ќе недостасува една екипа бидејќи на крајот на есента, од лигата се откажа Зајас.

Трета лига-запад:

Ренова –Скендербег 3:1

Камјани-Дрита 6:1

Вардар/Брвеница/-Напредок  3:1

Џепчиште-Влазерими 3:3

Љуботен-Доброште 4:5

На табелата води Камјани со 24 пред  Вардар со 22 бода

Есенското првенство во Третата лига-Југозапад се уште не е започнато. Ќе стартува на 22 март. но и тука ке нема една екипа- Велешта јунајтед.

Единствено, барем досега, во Третата лига-Север  ниту еден клуб се нема откажано.

Трета лига-север 14 коло

БВК Коњаре-Фортуна 6:1

Еуромилк-Студеничани 2:1

Беса/Сарај/-Куманово 3.1

Беса/Слупчане/-Пчиња 4:2

Аеродром-Отља 5:0

Лопате-Башкими Љуботен 2:2

На табелата води Еуромилк со 40 пред БВК Коњаре со 35 бода.

М.М

Се вчитува...