Аталанта вечерва на „Сан Сиро“ во Милано го игра првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Валенсија. На трибините се очекуваат околу 45.000 гледачи, а тоа значи дека третина од жителите на градот Бергамо ќе пристигнат во Милано. Бергамо е град со околу 122.000 жители.
Просечната посета на натпреварите на Аталанта во групната фаза од ЛШ беше 29.571 гледач, но сега интересот е уште поголем со оглед дека тимот за првпат во историјата ќе игра во нокаут фазата од елитното европско клупско натпреварување.
Клубот од Бергамо мечевите во Европа ги игра на „Сан Сиро“ затоа што нивниот стадион не ги исполнува комплетно критерумите на УЕФА. Реваншот е закажан за 10.март на „Месталја“ во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

