Третиот пик на драфтот во 2015 година заврши во Шпанија

Третиот пик на НБА драфтот во 2015 година, Џахил Окафор кариерата ќе ја продолжи во Шпанија каде ќе го носи дресот на Сарагоса, потврди АЦБ-лигашот.

За 27-годишниот кој потпиша едногодишен договор тоа ќе биде прво европско искуство откако во минатото покрај НБА лигата каде настапуваше за Филаделфија, Бруклин, Њу Орлеанс и Детроит броеше и настапи во Кина и Мексико.

Се вчитува...