Трето полувреме на „Емирати“: Вокер одби ракување па влезе во конфликт (ВИДЕО)

Арсенал стигна до огромни три бода откако во осмото коло од Премиерлигата славеше со 1-0 против големиот ривал Манчестер Сити благодарение на голот на Мартинели во 87. минута од мечот на асистенција на Каи Хаверц.

Натпреварот го отсликаа неколку тензични моменти во самиот финиш, а страстите не се смириле ни по крајниот свиреж на судијата. Камерите го уловија капитенот на „граѓаните“ Кајл Вокер како влегува во вербален конфликт со помошниот тренер на Арсенал, Николас Жовер кој порано беше дел и од Манчестер Сити.

Жовер му пружил рака на револтираниот Вокер кој не само што ја одбил туку влезе и во конфликт со поранешниот соработник. За среќа брзата интервенција на двете клупи спречи и поголем инцидент.

Се вчитува...