Мрежите мируваа во големото турско дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, но беше бурно на самиот терен каде натпреварот го отсликаа прекршоците. Домашните фудбалери направија 19, а гостите 26 што резултираше со вкупно седум жолти картони.
Имаше и поеднични кавги на теренот, а натпреварот заврши со „трето полувреме“ на социјалните мрежи. Галатасарај објави фотографија од модрото око на Икарди со написот „Оние кои сакаат правда само за себе и вечерва продолжија да манипулираат со турскиот фудбал. ВАР собата и 26 камери не гледаат ништо и за нас тоа е срам. Нека се срамат тие кои го доведоа турскиот фудбал до оваа точка“.
Sadece kendileri için adalet isteyenler bu gece yine her mecradan Türk futbolunu manipüle etmeye devam ettiler. Biz; hakem heyetinin, VAR odasının ve 26 kameranın göremediğini paylaşıyor ve yine onların yerine utanıyoruz ❗️
Türk futbolunu bu noktaya getirenlerin bir gün utanması… pic.twitter.com/xJedDKa8ta
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) December 24, 2023
Набргу потоа следеше и одговор од страна на Фенербахче и неговите навивачи кои се сигурни дека модрицата под окото Икарди ја добил при удар во статива. Ова го потврди и капитенот на истанбулскиот тим, легендарниот Един Џеко.
„Икарди удри со глава во статива, а тие го ставаат на Инстаграм и плачат за пенал… Типично за нив. Срамно“, одговори репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА