Трето полувреме во Кратово: Васоски доби црвен картон поради вербален напад на контролорот на мечот, Јосип Бартон

И трето полувреме имаше вчерашниот натпревар меѓу Силекс и Вардар во Кратово од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тензичен беше дуелот уште во првото полувреме кога домашните реагираа на престрогото исклучување на Донов во финишот на првите 45 минути, а нервозата кулминираше по израмнувачкиот гол на Вардар за конечни 1-1 во последната минута од средбата.

Па, по крајот на дуелот во соблекувалните дошло и до вербален судир на кратовци со официјалните лица на мечот.

Како што се вели во записникот од извештајот на делегатот на натпреварот, по крајот на мечот црвен картон добил и тренерот на Силекс а вардарова легенда, Александар Васоски, како што се вели поради „неспортско однесување и вербален напад на контролорот на натпреварот“.

Контролор на вчерашниот натпревар меѓу Силекс и Вардар беше Јосип Бартон, кој е и новиот претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ.

Се вчитува...