Тргна и Гостивар, Србиноски го собра тимот

Заврши принудно долгата пауза и во кошаркарски Гостивар. По нешто повеќе од пет месеци, Марјан Србиноски го собра тимот на Гостивар за старт на подготовките за новата сезона. Екипата во првата седмица од подготвителниот период ќе тренира во Гостивар, потоа според планот треба да бидат одиграни и контролни натпревари.

Најавите од клубот се дека треба да бидат доведени уште две засилувања. Гостивар имаше одлична сезона во минатото првенство кое беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. Во моментот на прекинот беше третопласиран зад МЗТ Скопје Аеродром и зад Работнички.

фото: gostivarpress.mk

 

Се вчитува...