Интер ја продолжи победничката низа во Серија А и по 11. коло во кое „нероаѕурите“ славеа на гостувањето кај Аталанта со 1-2.
Чалханоглу од белата точка во 40. минута донесе гостинска предност, а истата се искачи на 0-2 по голот на Мартинез во 57. минута. Поразот го ублажи Скамака кој стрелаше четири минути подоцна.
Со новите три бода Интер останува зацврстен на првата позиција на табелата, додека Аталанта по поразот заостанува два бода во битката за место кое води во Лигата на Шампионите.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

