Три бода за Манчестер Сити на „Гудисон Парк“, победа и на Брентфорд

Манчестер Сити го продолжи походот кон титула во Премиерлигата откако во 36. коло славеше со 0-3 на гостувањето на „Гудисон Парк“ против Евертон.

Гундоган и Халанд стрелајќи во 37. и 39. минута го матираа Евертон, а победата ја потврди Гундоган кој го запиша и вториот гол во 51. минута.

На победите им се врати и Брентфорд кој на домашен терен со совлада Вест Хем унајтед со 2-0. Стрелци на головите беа Мбеумо и Виса кои ја тресеа мрежата во 20. и 43. минута.

Се вчитува...