ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари го одржаа и последниот тренинг во Виена, видно мотивирани за стартот на европскиот шампионат. Заминаа од Скопје без преголема еуфорија, но самото тоа придонесува без преголем притисок да се влезе во премиерниот натпревар.
Целта е јасна, пласман во втората рунда, а потоа… што биде нека биде, математиките велат дека и олимписките квалификации нема да се предалечни ако се стигне до три победи во првата рунда, но за тоа да се случи ќе треба да се совладаат Украина, Чешка и домаќинот Австрија.
Затоа, ајде веќе нека почне, одбројувањето завршува утре, а со тоа почнуваат вистинските битки на терен, за бодови и што подобар пласман на собирот на најдобрите европски селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА