Монпелје и Нант се двете екипи кои озбебедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите по разигрувањето меѓу четирите најдодбри екипи од групите Ц и Д во најелитното европско ракометно натпреварување. Двете француски екипи од вториот ешалон во ЛШ, му се придружија на ПСЖ во Топ 16 во Лигата на шампионите и го комплетираа историскиот успех за францускиот клупски ракомет.
Во разигрувањето за место во осминафиналето во ЛШ, Монпелје беше поуспешен од Мотор Запорожје (36-34, 29-29), а Нант ја елиминира Ла Риоха (31-25, 37-31).
Во осминафиналната фаза од ЛШ, Монпелје ќе игра против европскиот шампион Кјелце, а Нант ќе има уште потешка задача во француската пресметка во ПСЖ.
Другите осминафинални двојки во ЛШ ќе бидат комплетирани по одигрувањето на денешните последни натпревари од групната фаза по кои ќе биде познат и конечниот поредок во групите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА