Давид Алаба готово и сигурно ќе го напушти Баерн Минхен бидејќи не може да се договори со раководствот на клубот околу нов договор. Според челниците на европскиот шампион Алаба бара премногу пари кои што од клубот не се подготвени да му ги исплатат, па затоа австрискиот интернационалец ќе бара нова средина.
Меѓу фаворитите за негов потпис се три европски гиганти, а како што пренесуваат медиумите најголем фаворит е Манчестер Сити. Покрај Сити во игра е и Ливерпул кој има големи проблеми со повредени фудбалери во одбраната, а како последен заинтересиран за неговите услуги е и италијанскиот шампион Јувентус.
Давид Алаба во Баерн Минхен стигна 2009 година кога настапуваше за вториот тим на клубот, а веќе од следната сезона е стандарден првотимец во тимот од „Алијанц арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

