ТРИ ГОДИНИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ: Шкендија и Шкупи во нова „жестока“ пресметка за докажување „кој е кој“!

И тоа како интересни се пресметките меѓу Шкендија и Шкупи последниве години во домашниот фудбал, низ очигледната желба на двата тима да покажат кој е кој во шампионатот.

Но, изненадувачки низ таа желба за триумф дури цели три години, или шест едноподруго меѓусебни меча нема победник во пресметките на двата тима. На последните шест едноподруго меѓусебни дуели Шкендија и Шкупи постојано ремизирале. Последен пат кога еден тим однел триумф беше пред речиси три години, на 1. декември 2019 година кога Шкендија во Тетово славеше со 4-0.

Во секој случај, повеќе од битка за бодови се пресметките на тетовци и чаирчани последниве две години, па без сомнение така ќе биде и денеска во дербито на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По кризните моменти во своите редови, Шкупи се врати на победите во претходното коло, па се очекува да продолжи во истиот ритам и денеска во Тетово каде, пак, Шкендија ќе биде предводена од најтрофејниот свој тренер во историјата, Ќатип Османи кој се врати токму за дербито.

Шкендија или Шкупи!? Ќатип Османи или Гоце Седлоски!? Ќе има ли конечно победник!?

ПМФЛ – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС е слободен

Се вчитува...