Плоштадот „Македонија“ пред три години беше обоен во црвено-црно, откако над 150.000 Македонци се собраа за да ги поздрават европските шампиони, ракометарите на РК Вардар.
Тоа беше втора европска круна за „вардарци“, со уште поголема тежина од онаа првата поради огромните долгови на газдата кон играчите, кои покажаа неверојатен карактер, се издигнаа над сите проблеми и остварија феноменален успех.
Шпанецот Парондо го предводеше Вардар до втората европска титула во Келн, каде пред „црвено-црните“ паднаа европските гиганти Барселона и Веспрем.
Илјадници фанови надвор од Скопје дојде во главниот град за овој спектакуларен дочек…
#OnThisDayInHandball 3 years ago around 150.000 fans welcomed @HCVardar in the streets of Skopje after the 🇲🇰 top club the day before won their 2nd EHF Champions League title in 3 seasons!#handball #ehfcl pic.twitter.com/Na9lUATEO3
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) June 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА