Британските власти водат жестока борба против расизмот на спортските терени, па затоа не е изненадување што еден навивач на Кристал Палас денеска беше казнет со тригодишна забрана за влез на стадион поради навредите кон напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг Мин.
Расистичките навреди се случиле за време на дуелот меѓу Палас и Тотенхем одигран во август годинава, а 44-годишниот навивач Роберт Гарланд ја признал вината. Интересно, судот најпрвин го казнил Гарланд со само 60 часа социјална работа и парична казна од 1.384 фунти. Сепак, по поднесената жалба за ваквата пресуда, по што денеска беше изречена нова санкција, забранувајќи влез на расистичкиот навивач на било кој стадион во Англија во наредните три години.
„Полицијата заедно со клубот бараше жалба на првата судска пресуда, а токму благодарение на ваквата иницијатива денеска добивме резултат – судот му забрани влез на стадион на три години на навивачот кој расистички го навредуваше Сон. Благодарни сме на позицијата за соработката во овој случај и уште еднаш го повторуваме напшиот став како клуб – не смее да се толерира било каква дискриминација“, се вели во клупското соопштение на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

