Рајн Некар Левен немаше милост во дуелот со последнопласираниот Кобус славејќи победа со 33-20 во натпреварот од 26.коло во Бундес лигата. Овој триумф ги однесе „лавовите“ на првата позиција на бундеслигашката табела со 47 бода, еден повеќе од сега второпласираниот Фленсбург.
Во составот на Рајн Некар Левен на овој меч беа двајцата македонски репрезентативци. Дејан Манасков постигна три гола од осум обиди, а Филип Талески имаше три шута кон противничкиот гол, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Најефикасен во домашниот тим беше Ким Егдал ду Риц со осум гола.
Победа на домашен терен славеше и Филип Миркуловски со тимот на Вецлар. Во дербито со Лајпциг, Вецлар победи со 24-23 и се одвои на 6.место на табелата со два бода повеќе пред нивниот денешен противник. Македонскиот бек остана без погодок на овој меч. Најефикасни во составот на Вецлар беа Кристијан Бјорсен и Филип Вебер со по шет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА