Барселона се подготвува за бурно лето во кое покрај засилувања ќе има и заминувања на „Камп Ноу“, а како што пренесуваат шпанските медиуми, три имиња се наоѓаат на излезните врати.
Филипе Кутињо пристигна во клубот како огромно засилување од редовите на Ливерпул и сеуште го држи клупскиот трансфер рекорд, но не ги исполни очекувањата. Со оглед на финансиската криза и дополнителните бонуси кои каталонците ги имаат кон англискиот првак за услугите на Бразилецот неговото заминување од Барселона е неминовно.
Покрај Кутињо тука се и Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити. Репрезентативецот на БиХ пристигна во редовите на Барселона претходното лето, но не доби шанса под водство на Куман. Умтити пак не е стандарден во редовите на каталонците веќе неколку сезони, а во потрага по минути, Французинот сака да го напушти клубот. За услугите на овие двајца се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои и Јувентус и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА