Три измени во стартните 11 на Македонија: Димоски и Алими почнуваат од првата минута (ФОТО)

ЕКИПА во Малта
Горан Бошев

Три измени во составот на Македонија во однос на оној со Италија. Измени во голманската позиција, во средниот ред и на десната бековска/крилна позиција.

Бојан Димоски ќе биде стартер во националниот тим за првпат во својат кариера. Димоски вечерва ќе го почне натпреварот против Малта на местото на Стефан Ашковски, кој останува на клупата.

Исто така изненадување во составот е стартот на Исник Алими во средниот ред. Тој ќе биде „партнер“ на Јани Атанасов на позициите последен играч за врска. Тој ќе игра на местото на Агон Елези кој почнува од клупата.

Третата измена е на голманската позиција, односно Дамјан Шишковски на местото на Столе Димитриевски, кој поради повреда ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид.

Ова е и составот на Малта за вечерашниот натпревар:

Се вчитува...