Три клуба заинтересирани за потписот на Маркус Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се уште не одлучил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, иако веќе извесно време траат преговорите со Милан, објавија италијанските медиуми.

Милан нуди позајмица до крајот на сезоната, без откупна клаузула. Манчестер Јунајтед се согласи на тоа, иако би било идеална опција веднаш да го продаде Рашфорд бидејќи новиот менаџер не смета на него.

Италијанскиот клуб би морал да му исплати на Рашфорд три милиони евра плата за пролетниот дел од сезоната. Рашфорд, кој има договор со Јунајтед до летото 2028 година, во „црвените ѓаволи“ заработува 14 милиони евра годишно, а во оваа сума влегуваат и приходите од продажба на дресови и други сувенири со неговото име.

Додека Манчестер Јунајтед се согласи со понудата на Милан, се уште се чека конечниот одговор на Рашфорд. Тој најави дека ќе донесе одлука до крајот на неделата бидејќи во меѓувреме пристигнале понуди и од Барселона и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...