Три клучни нешта кои оваа недела се во фокусот на УЕФА Лигата на шампионите

Денеска и утре на ред се натпреварите од 2. коло во групната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите.

Манчестер сити, ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид и Јувентус со отворени фаворитски улоги во очекување на новата рунда натпревари иако се чини фокусот на европскиот фудбалски свет ќе биде кон Лондон и Неапол. Тотенхем во желба за први бодови на мегдан со Барселона, а Наполи, по киксот на првиот дуел и ремито со белградска Црвена Звезда, сега по триумф против Ливерпул и Јирген Клоп кои имаа извонреден почеток на сезоната.

Како и да е, сосема е јасно дека љубителите на фудбалот од Македонија ќе уживаат оваа недела во нови возбудувања од Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа кои ќе може да ги следат преку MaxTV каналите на Македонски Телеком, како официјален партнер на УЕФА за емитување на натпреварите од најквалитетниот европски клупски фудбал.

А, дотогаш и трите централни нешта кои се во фокусот за оваа рунда натпревари…

  1. Анчелоти или Клоп!?

Може ли Наполи да го запре извонредниот старт на сезоната на Ливерпул? Карло Анчелоти досега нема загубено натпревар против Ливерпул во рамките на УЕФА натпреварувањата, реми со Милан и победа со Реал Мадрид. Дали сега ќе ја продолжи традицијата, или можеби Јирген Клоп ќе покаже дека оној триумф против ПСЖ претходно не беше случајност!?

  1. Валенсија против Валенсија

Еквадорскиот десен бек Антонио Валенсија во дресот на Манчестер јунајтед за првпат во својата кариера на мегдан против „истоимениот свој тим“. Хуан Мата, пак, против тимот во кој настапуваше од 2007 до 2011 година!

  1. Тотенхем со шанса, како никогаш досега, да слави против Барселона

Тотенхем по поразот во првото коло од Интер сега дефинитивно ќе мора да бара бодови против каталонскиот гигант Барселона. И, можеби звучи нереално, но Тотенхем токму сега е со шанса како никогаш досега за триумф против Барса која се наоѓа во сериозна криза. Од друга страна мотивот кај Каталонците ќе биде со триумф да го заокружат 100-от настап на Жерард Пике во дресот на Барса.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ -2. КОЛО

ВТОРНИК (2. октомври)

ГРУПА Е: Баерн – Ајакс, АЕК – Бенфика

ГРУПА Ф: Хофенхајм – Манчестер сити, Лион – Шахтјор

ГРУПА Г: ЦСКА Москва – Реал Мадрид, Рома – Плзен

ГРУПА Х: Јувентус – Јанг Бојс, Манчестер јунајтед – Валенсија

СРЕДА (3. октомври)

ГРУПА А: Атлетико – Бриж, Борусија Д. – Монако

ГРУПА Б: Тотенхем – Барселона, ПСВ – Интер

ГРУПА Ц: ПСЖ – Црвена Звезда, Наполи – Ливерпул

ГРУПА Д: Локомотив Москва – Шалке 04, Порто – Галатасарај

Се вчитува...