Фановите на НАСКАР трките беа шокирани по страшниот судир на „Монстер купот“ откако по судир на три возила сите три се запалија, по што еден од возачите остана внатре неподвижен.
Страшната несреќа се случи во 199. круг откако Џои Логано поради проблем со автомобилот се удри во Даница Патрик. Двајцата се извртеа на патеката, по што на нив налета Ерик Алмирола, кој движејќи се со 300 километри на час не успеа да го избегне судирот.
Логано и Патрик успеаја самите да ги напуштат автомобилите, но Алмирола по експлозијата на своето возило остана неподвижен во кок-питот.
„Нешто му се случи на мојот автомобил, не знам што. Одеднаш сам од себе сврте кон Даница. Сепак, тоа е најмалку важно во моментов. Само се надевам дека се е во ред со Алмирола“ – изјави Логано дваесетина минути по нереќата.
Алмирола со хеликоптер беше пренесен во болница во близина, по што пристигнаа и убави вести, дека тој нема посериозни повреди и по лекарските испитувања беше пуштен на домашно лекување.
За среќа, оваа навидум страшна несреќа мина без посериозни повреди на актерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА