Жозе Мурињо остана без уште еден стандарден првотимец откако Ешли Јанг заработи суспензија од три натпревари поради насилничко однесување за време на последниот натпревар со Саутемптон.
Бекот на „ѓаволите“ во една ситуација го удри со лакотот Тадиќ, главниот судија не го забележа инцидентот, но по прегледување на видео-снимката ФА реши да го казни Јанг со три меча неиграње.
Фудбалерот реши да не се жали на одлуката, па тој сега ќе ги пропушти наредните три дуели на „ѓаволите“, со Евертон и Стоук во Премиер-лигата и со Дерби во ФА Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА